Home Шоубизнис Мајката на Снежана Ѓуришиќ со јасен став за зетот – сè што мисли му кажала во лице

Мајката на Снежана Ѓуришиќ со јасен став за зетот – сè што мисли му кажала во лице

Мајката на Снежана Ѓуришиќ ѝ беше најголема поддршка низ животот. Дара го следеше и концертот на ќерка ѝ во МТС арената од првиот ред, без да крие колку е горда.

Освен тоа, Дара е задоволна и од љубовниот избор на ќерка ѝ, пишува „Стар“, но сепак ѝ замери и на зетот и на Снежана за нивната јавна расправија на аеродромот, само неколку дена пред концертот.

Според истиот извор, мајката на Снежана Ѓуришиќ ја повикала ќерка ѝ за да разговараат сериозно.

– Не сте деца за да се карате и раскинувате поради глупости – била јасна Дара.

Исто така, му укажала на докторот дека треба да внимаваат и да не се компромитираат на јавни места. Зетот ги уважил зборовите на тештата, па концертот го следел од првиот ред, а Вања и Снежана ги надминале ситните несогласувања.

Сепак, научена од ова искуство, Снежана одлучила повеќе да не зборува за својот љубовен живот во јавноста.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …