
Гардероберот на Маша Терзиќ вреден неколку стотини илјади евра
Маша Терзиќ, заедно со сопругот Урош и синот Коља, веќе извесно време живее во Португалија, каде што ужива во сончевите денови, добрата храна и уште подобриот шопинг.
Ќерката на Звездан Терзиќ, која често на Инстаграм се пофалува со скапите модни парчиња, одлучи да го покаже и своето најголемо хоби.
Нејзиниот гардеробер е исполнет со луксузни чевли, атрактивни комбинации, но најмногу пари, дефинитивно, троши на чанти.
Маша откри дека во својот „walk-in“ гардеробер има ѕид посветен исклучиво на чантите. Полици поставени по целата должина на ѕидот се исполнети со дизајнерски модели, а она што веднаш се забележува е дека секоја чанта ја поседува во барем три различни бои.
Од clutch до midi чанти, нејзината колекција е заистa импресивна, а изгледа дека има чанта за секоја замислена модна комбинација.