Home Актуелно Бурата „Даниел“ ја поплави Грција – на Скијатос воведена забрана за движење

Бурата „Даниел“ ја поплави Грција – на Скијатос воведена забрана за движење

Областа Тесалија е зафатена од невремето „Даниел“, кое во моментов беснее во Грција, па Волос, полуостровот Пелион и Скијатос останаа парализирани поради поплавите предизвикани од обилните врнежи.

Грчката полиција упати предупредување до граѓаните да го ограничат движењето на подрачјето на Пиерија, Тесалија, Споради, Евија и Фтиотис.

За жал, невремето ја однесе првата жртва, човек кој го загуби животот кога врз него падна ѕид во областа Агиос Георгиос во Волос. Исчезнат е и 42-годишниот возач на автомобилот што го однесе надојдениот поток Агиа Екатерини.

Грчката полиција го прекина сообраќајот во поширокото подрачје на градот Волос, полуостровот Пелион и планинскиот регион Магнезија и издаде предупредување дека моменталните временски услови се екстремно опасни.

Граѓаните од областа погодена од силно невреме добија предупредувачки пораки да не ги напуштаат своите домови, а државните и јавните служби во Тесалија денеска ја прекинаа работата.

Најтешка ситуација во моментов е во Волос, особено во центарот на градот каде сите патишта се поплавени, а стотици автомобили се заглавени на улиците.

На јужен Пелион, одморалиштето Милини е целосно поплавено и без струја. Градоначалникот на Волос, Ахилеас Беос и регионалниот гувернер на Тесалија, Костас Агорастос, продолжуваат да упатуваат континуирани апели до граѓаните да останат во своите домови и да останат во своите домови додека не се смири невремето.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…