Home Вебкафе Ослободување на мечка која 10 часа беше заглавена во сајла во Националниот парк „Шар Планина“ (снимка)

Ослободување на мечка која 10 часа беше заглавена во сајла во Националниот парк „Шар Планина“ (снимка)

Тим од вработени во НП Шар Планина и Јавната Установа Зоолошка градина на град Скопје имаше успешна интервенција на територијата на споменатиот национален парк.

Во бачило на жител од шарпланинското село Бозовце, вработените ослободија мечок кој бил заглавен во сајла околу 10 часа. Мечокот како што пишува во објавата на НП Шар Планина бил изморен и исплашен, а по 3 часовна акција успешно ослободен.

Установите за заглавениот мечок биле информирани од сопственикот на бачилото.

„Мечките се строго заштитени жители на Шар Планина, а локалното население од планинските села живее во соживот со природата. Упатуваме благодарност до сопственикот на бачилото кој го пријави настанот за да се ослободи мечокот.Благодарност и до полициските службеници за напорите да го обезбедат теренот, како и до сите други надлежни институции со кои се координираше акцијата,“, велат од установата Шар Планина.

Се зачестија случаите на симнување на мечките до населените места и бачилата на Шара, најверојатно во потрага по храна.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…