Битиќи: Административците што одат на печалба во лето, кога ќе се вратат нека одат во приватен сектор – таму фалат работници


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи смета дека фактот што во текот на летниот период вработени во јавниот сектор може да земат неплатен одмор за да одат да работат во странство, значи дека не се потребни нивните работни места.

-Имам еден друг предизвик. Кога ќе се вратат во септември, истите слободно да ги понудиме на приватниот сектор, ќе дадеме стимулирање и за приватниот сектор за да се вработат еднаш засекогаш таму каде што најмногу се потреби – вели Битиќи на Телма.

Тој нагласи дека во приватниот сектор има недостиг од 10.000 работници. Државата, според него, е подготвена да го стимулира процесот на преминување во приватниот сектор со субвенции за придонесите.