Home Актуелно Меџити си игра пазарење со Јовев: Остани професор, оперирај пациенти и биди ми советник

Меџити си игра пазарење со Јовев: Остани професор, оперирај пациенти и биди ми советник

Актуелниот министер за здравство, Фатмир Меџити, изјави дека докторот Сашко Јовев е разрешен поради административни пропусти во работењето кои се поврзани со евиденција на работното време на вработените во Клиниката за кардиохирургија и списоците за дежурства на персоналот.

Тој најави дека доктор Јовев ќе остане на клиниката како професор и ќе продолжи со работа и оперирање на пацинети, а воедно и му понуди да му биде советник за Кардиохирургија во неговиот Кабинет.

Според официјалните информации од министерството за здравство, надзорот утврдил дека Клиниката за кардиохирургија не доставила финансиски извештаи за минатата година и не побарала согласност за дежурства за целата 2022 година и првите три месеци од оваа година, како што предвидува законот и немала електронска евиденција за присуство на медицинскиот персонал на работното место и работното време.

Дежурства биле организирани и додатоци за дежурства, соглансо коефициентот биле исплаќани.

Министерот Меџити изјави дека се испитува и одговорноста на организацискиот директор на Кардиохирургија Фетаи и дека наскоро ќе се утврди дали имало пропусти во неговото работење.

Околу именувањето на нов директор на Кардиохиругија Меџити соопшти дека ќе се бира од редот на вработените во Клиниката.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…