Home Актуелно Белградското ЈО отвори истрага против мајката на Коста Кецмановиќ за евентуално „запуштање и малтретирање на малолетно лице“

Белградското ЈО отвори истрага против мајката на Коста Кецмановиќ за евентуално „запуштање и малтретирање на малолетно лице“

Белградското Јавно обвинителство за јавноста соопшти дека е отворена истрага против мајката на малолетникот Коста, кој изврши масакр во училиштето „Владислав Рибникар“.

Обвинителството испратило барање до Полициското одделение на градот Белград за да се спроведе истрага бидејќи мајката на Коста е осомничена за кривично дело „запуштање и злоупотреба на малолетно лице“.

Градскиот центар за социјална работа треба да изврши дијагностичка проценка на функционирањето на семејството на Коста и потоа да го извести обвинителството.

Масакрот во училиштето се случи на 3 мај, кога Коста со огнено оружје уби девет ученици и припадник на обезбедувањето.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…