Home Актуелно Петочна временска прогноза

Петочна временска прогноза

Денешниот мајски петок во западните и северозападните делови на Македонија претпладне носи умерено облачно време со слаб локален дожд. Во останатите делови преку денот ќе преовладува претежно сончево со мала облачност и со слаб ветер од северен правец.

Во Скопје претпладне со променлива облачност, а од пладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер и дневна температура од 23 Целзиусови степени. Маврово 14, Охрид 19, Битола 21, Крива Паланка и Берово 18, Кавадарци 23, Дојран 25.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност која попладне ќе се зголемува од запад. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб југоисточен ветер. Дневните температури ќе се движат од 16 до 26 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…