Home Актуелно Понеделничка временска прогноза – нема спас од сивото време и дождот

Понеделничка временска прогноза – нема спас од сивото време и дождот

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и потопло со повремени врнежи од дожд, попладне со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 21 степен.

Следува период на променливо облачно и потопло време со повремени врнежи од дожд. Во попладневните часови ќе биде нестабилно со појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вторник процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследени со пороен дожд и силен ветер, а потоа нестабилноста ќе се намали

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…