Седма историска победа на Шведска на Евровизија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шведската претставничка Лорин со песната „Tattoo“ е победник на Евровизија 2023 година освојувајќи најмногу поени на музичкиот натпревар (583), со што ја постигна втората победа, со што влезе во историјата како прва жена што го направила тоа.

Досега, Ирска беше земја со најмногу победи на Евровизија, победувајќи во 1970, 1980, 1987, 1992, 1993, 1994 и 1996 година.

Лорин синоќа и ја обезбеди седмата победа на Шведска, израмнувајќи се со досегашната земја рекордер.

Првата победа Швеѓаните ја постигнаа во 1974 година со песната „Waterloo“ од „ABBA“, која стана еден од најголемите хитови во историјата на Евровизија.

Други победи на оваа земја беа во 1984, 1991, 1999, 2012 и 2015 година.