Home Вебкафе Royal Pearl е најскапата секс-играчка на светот – цената му е вртоглава

Royal Pearl е најскапата секс-играчка на светот – цената му е вртоглава

Луксузниот вибратор Royal Pearl (кралски бисер) е најскапата секс-играчка во светот.

Пред неколку години чинеше околу 900.000 евра, а денес вреди над 1,6 милиони евра. Дизајниран е од Колин Бурн, златар и уметник од Австралија, за неговата колекција „Богатството на еротиката“ (Treasure, The Erotic).

„Оваа извонредна, функционална направа е уникатен дел од современата уметност на накит што ќе се препознава со векови нанапред. Има прекинувач и контрола на брзината, а кога е исклучен, тоа е прекрасен украс којшто служи како таен клуч за задоволството“, се вели на страницата каде што може да се нарача вибраторот.

– Мојата инспирација беше да создадам нешто што ќе ја покаже вредноста што луѓето му ја припишуваат на сексот. Луѓето трошат многу пари за искуството да поседуваат „Масерати“ и слично. Но, се прашував дали ќе платат богатство за вакво нешто?, рече Колин.

Mега-луксузниот вибратор тежи околу половина килограм и работи со две рачно изработени „моторчиња“. Направен е од платина покриена со 2.000 дијаманти, неколку кралски сини сафири, бисери и многу ретки розови дијаманти. Накитот е вметнат така за да не се гребе…

– Така употребата на вибраторот е многу пријатна!, тврди овој златар.

Може да се купи преку интернет, но и ќе треба да се почека 12 до 13 недели, бидејќи е потребно токму толку време за да се состави ваква направа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…