Home Шоубизнис Том Круз „ја брка“ Шакира?

Том Круз „ја брка“ Шакира?

Трачерска тема број еден во пишаните медиуми од светот на шоубизнисот во последните денови се латино дивата Шакира и холивудскиот актер Том Круз, кои заедно се појавија на Формула 1 трката во Мајами.

На Том Круз многу му се допаѓа Шакира – ова за „Page Six“ го потврди извор близок до актерот.

Шакира и Круз предизвикаа големо внимание со целодневната средба во Мајами, на Формула 1 трката минатиот викенд.

Поточно, изворот рекол дека е големиот холивудски заводник е „збудален “ во романтична смисла по Шакира.

Шакира и Том биле неразделни во боиколката на болидите пред стартот на гран прито во Мајами.

Пријатната средба ја продолжиле и во ВИП лошата крај патеката.

Атрактивната Колумбијката, која моментално живее на Флорида, раскина минатото лето со фудбалската ѕвезда Жерар Пике, со кој ги има синовите Саша и Милан.

Главната причина беше неговото неверство и врската со Клара Чиа Марти. Разделбата беше многу грда и бидејќи Шакира и Пике не се воздржаа додека зборуваа еден за друг во медиумите.

А ѕвездата од филмот „Топ Ган“ зад себе има неуспешна врска, со актерката Хејли Атвел.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …