Home Актуелно Кондуктер на Македонски железници приведен заради шверц на мигранти

Кондуктер на Македонски железници приведен заради шверц на мигранти

Кондуктер вработен во Железници на Македонија бил приведен поради криумчарење мигранти, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Полицајци на 1 мај го привеле кондуктерот на железничката станица во Велес. Кај кондуктерот од Скопје, кој има 28 години, биле пронајдени 1000 евра за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело криумчарење мигранти, се појаснува во соопштението.

Кондуктерот е уапсен, оти претходно на 1 мај, полицијата открила двајца мигранти од Сирија на железничка станица Кукуричани, неготинско, во патнички воз, кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје.

„Мигрантите изјавиле дека на кондуктерот му дале пари за да влезат во возот“, се наведува во соопштението.

Кондуктерот бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мигранти се уште ја користат таканаречената Балканска рута, која се движи главно од Турција и Грција, преку Македонија и Србија кон европските држави кои се крајна цел на мигрантите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…