Home Актуелно Облачна среда

Облачна среда

Времето во Македонија денеска, среда, 26. април, ќе биде променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд, на места пообилни, особено претпладне во западните делови.

Локално ќе има услови за појава на грмежи. Попладне облачноста ќе се намалува. Преку денот ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер.

Во Скопје променливо облачно со врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, а дневната температура ќе достигне до 16 Целзиусови степени.

Маврово 7, Охрид 13, Битола и Крива Паланка 14, Берово 13, Кавадарци 17, Дојран 19.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од 10 до 20 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…