Home Актуелно Еве какво време носи денешната среда

Еве какво време носи денешната среда

Времето во Македонија, денеска, среда, 19. април, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд, кои на места краткотрајно ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје променливо облачно, попладне со краткотраен дожд. Ќе дува умерен северен ветер, a дневната температура ќе достигне до 18 Целзиусови степени. Маврово 9, Охрид 14, Битола 15, Крива Паланка 14, Берово 13, Кавадарци 18, Дојран 20.

Утре времето ќе биде сончево со умерена облачност. Во западните делови променливо облачно, околу пладне и попладне со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од 10 до 22 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…