Home Вебкафе Се обиде да му го украде автомобилот од пред куќа и го фати на дело – изби тепачка 4 на 1 (снимка)

Се обиде да му го украде автомобилот од пред куќа и го фати на дело – изби тепачка 4 на 1 (снимка)

Вознемирувачката снимка од инцидентот на почетокот прикажува како човек влегува во отклучениот Тесла автомобилот. Но, неговите обиди да го запали автомобилот се брзо спречени бидејќи сопственикот го фаќа на дело и се бори со него додека го влече од автомобилот.

Тројца други излегуваат од блискиот Мерцедес додека двајцата продолжуваат да се тепаат. Еден од крадците на автомобили го тепа газдата на автомобило со неговата обувка, но тој не се предава.

Органите на редот во моментов ги бараат сторителите откако успеале да се оддалечат од местото на злосторството, додека сопственикот на автомобилот е пренесен во болница поради мали повреди.

На крајот на видеото се слуша неговата сопруга како извикува „Ќе викам полиција“ и одеднаш крадците се разбегуваат.

Наравоучение: Кога си имате работа со крадци, секогаш прво повикајте полиција и не влегувајте во конфликт со нив. И второ – не оставајте отклучен автомобил, дури ни пред сопствената куќа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…