Home Актуелно Скопјанец со автомобилот удрил малолетничка од Гевгелија – девојчето завршило со тешки повреди

Скопјанец со автомобилот удрил малолетничка од Гевгелија – девојчето завршило со тешки повреди

Македонското МВР информира дека синоќа на булевар во Скопје е прегазена малолетничка од Гевгелија која по ударот со тешки телесни повреди е пренесена во болница.

„Синоќа во 21.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар `Мајка Тереза` во Скопје, патничко моторно возило `ауди` со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С.(49) од Скопје удрило во малолетничка од Гевгелија. Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники `Мајка Тереза`“ – стои во полицискиот билтен.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, информираат од МВР.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…