Home Актуелно Еве какво време ни носи денешниот четврток

Еве какво време ни носи денешниот четврток

Денеска, четврток, 6. април, времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Претпладне во југозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, кои во утринските часови ќе бидат претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Утре ќе има преодно стабилизирање на времето со минимални температури кои на повеќе места ќе се спуштат под нула. За време на викендот и во почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремнени локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…