Home Актуелно Сончева среда

Сончева среда

Во Македонија денеска, среда, 29. март, времето наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен до повремено засилен ветер од северен правец и дневна температура од 12 Целзиусови степени. Маврово 3, Охрид 9, Битола 10, Крива Паланка 7, Берово 6, Кавадарци 13, Дојран 14.

Утре времето наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер поизразен во западните делови.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Дневните температури ќе се движат од 5 до 18 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…