Home Актуелно Непознато лице во бела мантија ноќе ги плаши кавадарчани – танцува во круг и фрла со камења (снимка)

Непознато лице во бела мантија ноќе ги плаши кавадарчани – танцува во круг и фрла со камења (снимка)

Лице чиј идентитет засега не е познат, облечено во бела мантија веќе неколку ноќи по ред им излегувало на кавадарчани на влезот од патеката кај 12-те деца, и ги плашело.

Откако во неколку наврати граѓаните сведочеле на сцената со човекот во мантија, кој игра, се врти, а и фрлал со камења, а сега успеале и да го снимат, пренесува Фокус.

Видеото со него е објавено на социјалните мрежи посветени на градот, и граѓаните прашуваат за што станува збор, дали се во прашање некои пагански обичаи, или пак некој само сака да ги заплаши оние кои пешачат на патеката.

Сепак, и покрај вознемиреноста, никој се уште не го пријавил лицето во полиција. Од СВР Велес за „Фокус“ изјавиле дека официјално не добиле пријава за лице кое ноќе игра и фрла со камења по минувачите, па охрабруваат доколку има таков случај, истиот да го пријават.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…