Home Шоубизнис 16 години затвор за Вајнстин

16 години затвор за Вајнстин

Бившиот холивудски продуцент и филмски магнат Харви Вајнстин е осуден во Лос Анџелес на 16 години затвор поради силување и сексуален напад на една манекенка од Европа во 2013-та година.

За тие дела извршени во хотел во населбата Беверли Хилс во Лос Анџелес на 70-годишниот Вајнстин, некогашна ѕвезда на американската кинематографија, му се заканувале 18 години затвор.

Вајнстин ризикува до крајот на животот да биде зад решетки, бидејќи веќе служи казна од 23 години затвор откако во 2020-та година во Њујорк беше осуден за слични дела.

Неговите адвокати денеска пред изрекувањето на пресудата најавиле жалба.

Околу 90 жени, меѓу кои и славните актерки Анџелина Џоли, Гвинет Палтроу и Салма Хајек го обвиниле Вајнстин за сексуално вознемирување.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

17 Стилски Палта за Есен кои Ги Носат Модерните Жени

Јас ја сфаќам есенската облека многу сериозно. Ја организирам мојата гардероба со парчиња …