Home Актуелно Исчезна кинескиот милијардер Фан Бао – еден од главните инвестициски банкари во Кина

Исчезна кинескиот милијардер Фан Бао – еден од главните инвестициски банкари во Кина

Еден од главните кинески инвестициски банкари, милијардеро Фан Бао, е исчезнат без никаква трага, потврдуваат од неговата компанија China Renaissance Holdings, чии акции веднаш по потврдата на оваа информација паднаа 50 отсто.

Бао е водечки деловен посредник во Кина, а меѓу неговите клиенти се врвните технолошки фирми Didi и Meituan, јави Би-би-си.

Компанијата China Renaissance не прецизира колку денови не била во контакт со извршниот директор.

Многумина се загрижени дека ова е пресметка меѓу кинеските власти и деловните и технолошките лидери.

Бао ја основа China Renaissance во 2005 година.

Оттогаш компанијата прерасна во една од водечките финансиски институции во Кина склучувајќи деловни зделки и спојувајќи неколку технолошки фирми во земјата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…