Home Актуелно Јигит ја прегрна својата мајка после 52 часа поминати под урнатините

Јигит ја прегрна својата мајка после 52 часа поминати под урнатините

Непрекинато тече спасувачката акција во Турција за извлекување на погодените од земјотресите што во понеделникот го погодија југоистокот на земјата.

Една од приказните која заврши со среќен крај и денеска го обиколува светот е извлекувањето на осумгодишниот Јигит Чакмак.

Детето помина дури 52 часа под урнатините од зграда во провинцијата Хатај, а денеска беше извлечен жив и здрав. Во солзи го чекаше неговата мајка, која Јигит силно ја прегрна откако спасувачите во раце го однесоа кај неа.

Билансот од разорните земјотреси во Турција и Сирија се менува од минува во минута. Последните бројки говорат дека во двете држави загинаа над 11 000 лица, а над 50 илјади се повредени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…