Home Вебкафе Жена во Сирија се породи под урнатините од земјотресот – бебето беше веднаш извлечено (снимка)

Жена во Сирија се породи под урнатините од земјотресот – бебето беше веднаш извлечено (снимка)

Сиријка, заробена во урнатините откако и се урна куќата во земјотрес, родила машко дете, а нејзината судбина сè уште не е позната.

И покрај најнеповолните услови, лекарите од областа Џиндирес, северно од Алепо, успеале да ја породат жената и да го доведат бебето на безбедно, но судбината на мајката засега е неизвесна.

Новородено момче за чудо преживеало откако неговите браќа и сестри загинале во земјотресот. Веста за раѓањето на бебето брзо се прошири низ светот, а на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како маж го носи новороденчето подалеку од урнатините.

Бебето кое многумина го нарекуваа „чудесно“ стана симбол на надеж среде трагедијата за Турција и Сирија, но и за целиот свет. Сирискиот град Алепо, разурнат од војна, беше меѓу областите кои го поднесоа најголемиот дел од земјотресот, кој опустоши делови од јужна Турција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…