Home Живот и здравје Метод за заспивање за две минути – техника која ја користат американските војници и пилоти

Метод за заспивање за две минути – техника која ја користат американските војници и пилоти

Војничкиот метод „заспивање за две минути“ што го користат американските војници и пилоти е доста ефикасна техника која треба да ја практикуваат сите кои се борат со тешкото заспивање и несоницата, појаснува д-р Линдзи Браунинг.

Таа верува дека оваа техника е делотворна и им ја препорачува на сите кои патат од несоница.

– Методот делува бидејќи ве тера да ги опуштите мускулите на вашето тело, наместо да дозволите несаканите мисли да ви го преплават умот, вели д-р Браунинг.

Овој метод првпат е спомнат во книгата „Опушти се и победи: Шампионска изведба“ (Relax and Win: Championship Performance) од 1981 година. Се тврди дека има 96 отсто успешност по шест недели вежбање.

Сѐ тоа почнува со опуштање на мускулите на челото, очите, образите, вилицата и сосредоточување на дишењето. Особено рамената да не се напнати… Се спуштаат колку што може пониско и рацете, дланките и прстите се држат опуштени крај телото. Потоа, земете длабок здив и полека издишете, опуштајќи ги градите, стомакот, бедрата, колената, нозете и стапалата.

Потоа, замислете две „сценарија“. Прво – лежите во чамец среде мирно езеро, нема ништо, само синото небо над Вас. Второ – лежите во црна мека лежалка во темна соба. Ако почнете да размислувате за нешто друго, повторете го зборот „не размислувај“ 10 секунди.

Според д-р Браунинг, луѓето често не можат да заспијат бидејќи нивните умови се „премногу зафатени“ со други грижи или се вознемирени.

– Воениот метод на заспивање е многу сличен на техниката за прогресивна мускулна релаксација што ја посочувам на моите клиенти со несоница. Постојат и други техники со кои можете да се обидете полесно да заспиете, како што се бавно длабоко дишење или броењето, додава таа.

Проблемот со несоницата е тешко да се реши со обични техники за опуштање, ако тој е потежок и, во тој случај веројатно ќе треба поопсежна стручна помош.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …