Home Актуелно Понеделничка временска прогноза

Понеделничка временска прогноза

Времето во Македонија денеска ќе биде студено и променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието и во источните делови (локално над 60 км/ч.).

Во Скопје променливо облачно и многу студено со сончеви периоди. Ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура ќе достигне до 0 Целзиусови степени. Маврово -7, Охрид -1, Битола и Крива Паланка -2, Берово -4, Кавадарци 1, Дојран 3.

Утре наутро ќе биде многу студено, преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец, особено долж Повардарието.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен северен ветер.

Дневните температури ќе се движат од -8 до 4 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…