Home Актуелно Српските пратеници се фатија за гуша за Косово – буквално (снимка)

Српските пратеници се фатија за гуша за Косово – буквално (снимка)

Работата во српското Собрание во текот на вчерашната седница беше накратко прекината, бидејќи по вербален судир меѓу опозицијата и претседателот на Србија, Алексадар Вучиќ, речиси дојде до физичка пресметка меѓу пратениците.

Во еден момент пратеници на Нова ДСС и Народна партија станаа од своите места, а пред нив застанаа пратеници на Српската напредна партија, па дојде до туркање меѓу нив.

Вучиќ по неколку минути продолжи да зборува и да ги повикува Србите од Косово да слушнат дека опозицијата не се грижи за нив, а опозиционерите продолжија да извикуваат пароли за предавство.

Вучиќ неколку пати ги нарече кукавици и хулигани и додаде дека е среќа што „такви кукавици не ја водат Србија“.

Вучиќ во почетокот на седницата рече дека не смее да го покаже француско-германскиот план за Косово, што од него го бараат опозициските партии, туку зборуваше што во него е неповолно за Србија.

Тој повтори дека претставниците на европско-американската дипломатија го предупредиле дека во случај на одбивање да се работи на планот, европскиот пат на Србија ќе биде прекинат, како и дека ќе се стопираат новите и веќе постоечките странски инвестиции.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…