Компанијата Амазон првично се викала поинаку – еве кое име го носела пред Безос да ја преименува


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кога во ’90-те години од минатиот век ја основал компанијата Амазон, мултимилијардерот Џеф Безос првично не планирал популарната онлајн продавница да се вика така.

Тој на ум имал сосема поинакво име за компанијата, но неговите соработници не биле ентузијасти за името и на крајот било сменето.

Амазон на почетокот се викал Кадабра, што е дериват на зборот Абракадабра, и така работеле некое време додека адвокатот на Безос полудел бидејќи слушнал како некој погрешно го изговара Кадабра, односно наместо Кадабра го слушна зборот „кадавер“, што значи мртво тело.

Безос потоа го променил името на компанијата во Амазон бидејќи не сакал да се доведе во ситуација името на неговата компанија некого да потсетува на трупови. Денес Амазон е вистинска деловна империја, која се состои од онлајн трговија, а има и своја платформа за стриминг, снимаат свои серии и планираат да испратат луѓе во вселената.

Денес, Безос „тежи“ околу 171 милијарда долари и е еден од најбогатите луѓе во светот.