Home Актуелно Јавното обвинителство поведе дисциплинска постапка против Русковска и две други обвинителки

Јавното обвинителство поведе дисциплинска постапка против Русковска и две други обвинителки

Јавното обвинителство поведе дисциплинска постапка против бившата шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска поради претресот во Управата за финснсиска полиција.

Освен Русковска, во дисциплинската постапка опфатени се и обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска кои од Суд барале наредба за претрес, под наводно лажни основи.

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност при ЈОРМ, оценува дека постои основано сомнение дека трите обвинителки сториле тешка дисциплинска повреда за намерна и неоправдана професионална грешка.

Комисијата сега треба да закаже седница на која ќе треба да бидат повикани обвинителките и екс – директорот на Финансиска, Арафат Муареми кој побара дисциплинска одговорност на обвинителките.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…