Home Актуелно Брачен пар од струмичко Мокриево загина кај Колешино во сообраќајна несреќа

Брачен пар од струмичко Мокриево загина кај Колешино во сообраќајна несреќа

Брачен пар од струмичкото село Мокриево почина на лице место во сообраќајна несреќа во која со патничко возило попладнево излетале од патот во Колешино и заврши во околниот канал.

Несреќата се случи на излезот од селото, најверојатно заради неприлагодена брзина, а во извлекување на телата мораше да интервенира и екипа на струмичката противпожарна единица, пренесува СДК.мк.

Трагичниот настан го потврдија од струмичката полиција од каде што соопштија дека станува збор за маж и жена на возраст од 70 и 69 години од Мокриево, кое што за неполни 24 часа ја бележи и третата жртва во сообраќајки.

Синоќа, почина 38-годишен жител од ова место, а други две се тешко повредени откако излетале од локалниот патен правец Мокриево-Ново Село.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…