Home Актуелно Понеделничка временска прогноза

Понеделничка временска прогноза

Времето во Македонија денеска, понеделник, 21. ноември, ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд.

Во раните утрински часови во источните делови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Попладне на повеќе места ќе има сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне облачно со повремен дожд, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Утре ќе дува засилен до силен ветер од југоисточен правец, а кон крајот на денот и во среда претпладне се очекуваат нови врнежи од дожд. Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со подолги сончеви периоди.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…