Home Актуелно Облачен, сив и променлив четврток

Облачен, сив и променлив четврток

Денеска, четврток, 17. ноември, времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, претежно претпладне. Уште од ноќта ќе дува претежно умерен ветер од југозападен до југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремен дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 16 степени.

Под влијание на серија на влажни бранови во следните денови времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд. Во недела наместа врнежите ќе бидат пообилни, а локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен ветер од јужен правец, особено во петок и во недела.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…