Home Актуелно Новиот шеф на ОЈО ГОКК Абази: Не се дружам со политичари, тоа не ми е забрането, ама е непристојно

Новиот шеф на ОЈО ГОКК Абази: Не се дружам со политичари, тоа не ми е забрането, ама е непристојно

Новиот шеф Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, Ислам Абази, во изјава за медиумите порача дека Јавнообвинителската функција е неспоива со вршење на друга јавна функција или со членување во одредена политичка партија, одговарајќи на новинарско прашање: каква и колкава е вашата блискост со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со оглед на тоа што потекнувате од исто село?

– Никогаш не сум бил член на политичка партија. И во моето досегашно работење никогаш не сум оставил впечаток дека јас сум имал некакви релации или позиции со политички партии. Можеби сме се сретнале со господинот Али Ахмети, ама лично контакти немаме. Дружбата со такви личности не е забранета, ама е непристојна. Мене не ми е забрането да се дружам со некој политичар ако тој не е учесник во некаква постапка или ако нема кривично дело против него – изјави Абази.

Тој претходно им се заблагодари на колегите обвинители кои во текот на вчерашниот ден гласаа за тој да биде шеф на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција.

– Колегите во мене препознаа човек кој ќе биде успешен и праведен. Им благодарам – рече Абази.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…