Арсовска и Славески пак правеа циркус во Советот на Град Скопје – тој го зеде говорничкиот микрофон, таа му викна полиција


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На денешната, најнова седница на Советот на Град Скопје ситуацијата повторно ескалираше со тензии помеѓу скопската градоначалничка Данела Арсовска и претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески.

Работата отиде дотаму што Арсовска повика полиција и го пријави Славески дека ѝ го украл микрофонот кој стои на говорницата.

Службите од Градот им даваа изјава на полицајците кои правеа записник дека микрoфонот е сопственост на Градот и со тоа што го нема, извршена е кражба и оштетена е институцијата, пренесе СДК.

Славески на денешната седница го зеде микрофонот од говорницата и го стави под неговата маса откако службите не му го вратија копчето со кое може да го исклучи микрофонот на градоначалничката и советниците доколку не се придржуваат на дневниот ред и Деловникот за работата.

– Поради тоа што не ми е вратено копчето нема да може да се зборува од говорница туку ќе зборувате од место, а градоначалничката наместо да седи во магерешките клупи, може да дојде тука, до мене има микрофон – рече Славески.

Арсовска потоа си постави подвижен микрофон кој никој не може да го исклучи. Одеше по салата, стоеше на говорницата и се кареше со Славески и дел од советниците на ВМРО-ДПМНЕ.

На Славески му рече дека е Хитлер, деспот и крадец.