Качињски повторно ја изневрира полската јавност: „За нискиот наталитет се виновни жените што пијат“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Полската јавност повторно беше изреволтирана и гневна поради изјава на првиот човек на владејачката Право и правда (ПиС), Јарослав Качињски, дека причина за нискиот наталитет е тоа што жените пијат. Опозицијата денес најави дека ќе поднесе официјална жалба до етичката комисија на парламентот.

Просечната стапка на наталитетот во Полска во 2020 била 1,4 деца по жена. Во Германија е 1,5, а во Франција 1,8. „Кога девојките, младите жени, би пиеле како нивните машки врсници до 25 години, тогаш не би имало повеќе деца“, кажа 73-годишниот политичар, пренесува агенцијата ПАП.

Качињски оцени и дека мажите, за да ги сметаат за алкохоличари, можат неумерено да пијат 20, а жените само две години. Левичарскиот политичар Роберт Биедрон ги нарече изјавите срамни.

Сопругата на полската фудбалска ѕвезда Роберт Левандовски Ана Левандовска му одговори на Фејсбук: „Доста е! Ме лути кога ќе видат дека политичарите неосновано ги обвинуваат жените наместо да ги решаваат вистинските проблеми“.

Фитнес тренерот Ева Чодаковска, една од најпознатите инфлуенсерки во Полска, кажа дека станува збор за „врвот на омразата кон жените“.