Home Актуелно И првиот ноемвриски ден носи сончево и топло време

И првиот ноемвриски ден носи сончево и топло време

И денеска, вторник, 1. ноември, времето во Македонија ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 21 до 27 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево и релативно топло. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 25 степени.

До четврток ќе се задржи претежно сончево и релативно топло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла. Во петок облачноста ќе се зголеми, а за време на викендот ќе преовладува претежно облачно, врнежливо и посвежо време.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…