Home Актуелно Холандија бара да се блокира влезот на Бугарија во Шенген зоната заради корупција и организиран криминал

Холандија бара да се блокира влезот на Бугарија во Шенген зоната заради корупција и организиран криминал

Парламентот на Холандија изгласа резолуција со која ќе го блокира влезот на Бугарија и Романија во Шенген зоната. Гласањето во холандскиот парламент се случи два дена откако Европскиот парламент усвои резолуција да им се дозволи на двете источноевропски земји да ѝ се приклучат на зоната без граници.

Со резолуцијата, холандските пратеници побараа од премиерот Марк Руте да стави вето на влезот на Бугарија и Романија во Шенген, додека не се направи анализа на функционирањето на владеењето на правото и намалувањето на корупцијата и организираниот криминал во двете земји.

Зборувајќи пред бугарските новинари пред неговото пристигнување на Европскиот совет денеска, бугарскиот претседател Румен Радев кажа дека Бугарија станала заложник на внатрешната политика на Холандија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…