Петочна и викенд временска прогноза


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денеска, петоик, 14. октомври, во Македонија ќе имаме облачно, свежо и врнежливо време.

Наместа врнежите ќе имаат пороен карактер, а во вечерните часови ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Дневната температура ќе се движи од 9 до 16 Целзиусови степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 14 степени.

Во Маврово 9 степени, Охрид 14, Битола 13, Крива Паланка 12, Берово 11, Кавадарци 15, Дојран 16.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Дневните температури ќе се движат од 12 до 22 степени.