Временска прогноза за денешната септемвриска среда


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Времето во Македонија денеска, среда, 28. септември, ќе биде сончево со умерена облачност, a во западните делови променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. 

Во Скопје сончево со умерена облачност и со умерен јужен ветер и дневна температура до 26 Целзиусови степени. Маврово 17, Охрид 23, Битола 25, Крива Паланка 23, Берово 22, Кавадарци 27, Дојран 28.

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со умерен јужен ветер. Дневните температури ќе се движат од 15 до 29 сетепени.