Home Актуелно Лекарите загрижени за кралицата Елизабета – нејзиното здравје е загрозено и таа е под лекарски надзор во Шкотска

Лекарите загрижени за кралицата Елизабета – нејзиното здравје е загрозено и таа е под лекарски надзор во Шкотска

Британската кралица Елизабета Втора е под медицински надзор во Балморал, Шкотска, откако нејзиното здравје ги загрижи лекарите, соопшти Бакингемската палата.

„По дополнителните прегледи утринава, лекарите на кралицата се загрижени за здравјето на Нејзиното височество и препорачаа таа да остане под медицински надзор“, се вели во соопштението, пренесува Би-би-си.

Принцот од Велс и војвотката од Корнвол, Чарлс и Камила, отпатуваа во Балморал, кралската резиденција. Натаму патува и принцот Вилијам, а и Хари и Меган, војводата и војвотката од Сасекс, ќе отпатуваат за Шкотска, изјави портпаролот на двојката. И војводата од Јорк – принцот Ендру – е на пат кон Балморал. Натаму патуваат и грофот и грофицата од Весекс, Едвард и Софи, а принцезата Ана веќе е во Шкотска, каде што ги раководи работите.

Сите деца на кралицата се или во Балморал или патуваат кон Балморал, вели кралскиот дописник на Би-би-си.

Соопштението доаѓа откако кралицата (96) се повлече од виртуелниот Таен совет во средата и лекарите ѝ препорачаа да се одмори.

Премиерката Лиз Трас рече дека „целата земја е длабоко загрижена“ од веста.

„Моите мисли – и мислите на луѓето низ нашето Обединето Кралство – се со Нејзиното височество Кралицата и нејзиното семејство во овој момент“, додаде таа.

Кралицата во вторникот ја назначи Трас за премиер во Балморал, наместо да отпатува за Лондон на настанот.

Дворецот Балморал е кралска резиденција повеќе од 150 години, а за прв пат бил користен како викендичка од кралицата Викторија и принцот Алберт.

Се вели дека е една од омилените резиденции на кралицата и таа во текот на минатата година поминала повеќе време таму.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Плетените фустани со ролка се издвојуваат како тренд за есен и зима

Меки, топли и удобни, плетените фустани се неизоставен дел од есенската гардероба. Оваа се…