Home Актуелно Понеделничка временска прогноза

Понеделничка временска прогноза

Првиот августовски ден во Македонија носи сончево време со мала локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено силен ветер до 60 км/час од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 36 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степен.

Во наредниот период следува стабилно време. До вторник ќе дува умерен до силен северен ветер (до 60 км/час) кој ќе биде најизразен вдолж Повардарието и во источните делови. Дневните температури од утре ќе бидат во постепен пораст.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…