Home Актуелно Од полноќ пад на цените на горивата

Од полноќ пад на цените на горивата

Од ноќеска на полноќ цените на бензините се намалуваат за еден денар, а на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 95,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 98 денари за литар, а дизелот по цена од 96 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ ќе се продава по цена од 94,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот се зголемува за 0,374 ден/кг и ќе изнесува 52,840 ден/кг.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…