Home Актуелно 1€=1$ – прв пат по 20 години

1€=1$ – прв пат по 20 години

Првпат после 20 години курсот на еврото и американскиот долар се изедначи. Од утрово едно евро е точно еден долар, што значи дека вредноста на еврото е пониска за повеќе од 12 отсто во однос на почетокот на годината.

Со тоа, еврото е најслабо во однос на доларот од зимата 2002 година.

Еврото е значително ослабено како последица на европската електро-енергетска криза и војната во Украина. Русија обезбедуваше речиси 40 отсто од гасот во Европа пред почетокот на војната, а Европската унија сега се обидува да ја намали зависноста од руските енергенси.

Во меѓувреме, доларот зајакна бидејќи инвеститорите бегаат кон валутата како безбедно засолниште.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…