Ѓоковиќ спектакуларно пречекан во Србија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После седмото освојување на престижниот Вимблдон, српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ во Белград доби уште еден незаборавен дочек.

Тоа беше и 21. грен-слем титула за Новак Ѓоковиќ со која го надмина Роџер Федерер и дојде на еден таков трофеј до Рафаел Надал кој има 22.

Ѓоковиќ вели дека трофеите се минливи, но она што вечно ќе го памети се спектакуларните пречеци кои му ги прават сограѓаните во Србија.

„Ова се најубави моменти во животот, кога го имам тој благослов по секој голем успех во спортот кој го играм и кој толку го сакам, да се вратам дома и да прославам со сите вас, со својот народ. Ви благодарам, прекрасни сте!“, рече Ѓоковиќ.

„За вакви моменти вреди да се живее, за овие моменти вреди да се работи. Имав шанса да ги достигнам најголемите височини и да ги освојам сите најважни трофеи кои можат да се освојат во тенисот. Но ова се моменти кои се незаборавни, бидејќи трофеите се трофеи, тоа е сè некако минливо, но овие моменти каде го делиме овој успех заедно, каде се поврзуваме на секое ниво, за мене е нешто што ќе го носам во срцето до крајот на животот“.

„Никој од вас немаше обврска да се појави тука, но сепак тоа го направивте. Ништо не земам здраво за готово, ви благодарам на сè, навистина ми ја направивте убава оваа вечер! Ви благодарам многу“.