Home Спорт Се расплакал на тренинг: В недела ќе го игра својот последен натпревар на Сан Сиро – Ибра става крај на кариерата

Се расплакал на тренинг: В недела ќе го игра својот последен натпревар на Сан Сиро – Ибра става крај на кариерата

Златан Ибрахимовиќ најверојатно ќе ја заврши кариерата на крајот на сезоната, барем така откриваат пријатели на искусниот фудбалер.

Напаѓачот на Милан најверојатно го игра последниот натпревар во недела против Аталанта на Сан Сиро.

Оваа информација ја објави човекот кој работеше со Ибрахимовиќ на документарен филм по неговото враќање во Милан и уредник на „Скај Италија“, Ди Стефано испрати порака до јавноста.

„Толку многу добри вести за Милан во последно време и сега жал ми е ова да го објавам. Ибрахимовиќ ја завршува кариерата на крајот на сезоната. Добив информација од еден негов соиграч дека Ибра се расплакал на тренинг. Сепак, тој игра под инекции, иако има големи болки. Златан не тренира со екипата од вторник до петок, зашто го боли коленото, но не попушта и сака да им помогне на колегите да го освојат Скудетото“, напиша Ди Стефано.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…