Home Актуелно Шпанија ја тресе афера со прислушување – мета биле мобилните на премиерот и министерката за одбрана

Шпанија ја тресе афера со прислушување – мета биле мобилните на премиерот и министерката за одбрана

Службените мобилни телефони на шпанскиот премиер Педро Санчез и на министерката за одбрана Маргарита Роблес биле цел на прислушување преку програмата „Пегасус“, покажуваат два извештаи на Националниот криптолошки центар.

Аферата со прислушувањето ја објави портпаролката на Владата Изабел Родригез и министерот во Владата Феликс Болањос на прес-конференцијата одржана утрово, пренесува 360 Степени.

Владата ги анализира мобилните телефони на сите членови на извршната власт, а студијата, според министерот Боланос, се уште не е завршена.

„Кога велиме надворешни упади, сакаме да кажеме дека ниту една официјална агенција нема правосудна надлежност. Затоа ги класифицираме како нелегални и надворешни“, рече Болањос.

Повикувајќи се на извештаи од Националниот центар за криптологија, тој рече дека два упади во мобилниот телефон на премиерот се случиле во мај 2021 година, а во мобилниот телефон на министерот за одбрана во јуни 2021 година.

„Знаеме дека нема последователни ‘интервенции’ од тие датуми, нема докази за нов упад. Еден од заклучоците донесени од владата е зајакнување на безбедносните системи. Ќе ги ставиме на располагање сите знаења и капацитети на централната власт до регионалните влади и парламенти“, прецизираше министерот.

Според весникот, програмата Пегасус, теоретски, се продава само на влади и официјални агенции. Хакерите извлекле голем број информации од телефонот на шефот на владата: 2,6 гигабајти во првиот упад и 130 мегабајти во вториот.

„Пленот“ од мобилниот на министерот за одбрана е многу помал – 9 мегабајти.

Но, Владата сè уште не знае какви информации се украдени, ниту степенот на чувствителност, но во двата случаи тоа се нивните службени телефони, а не приватни.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…