Во украинските пристаништа заглавени милиони тони житарки


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Оод Организацијата на обединетите нации алармираат дека војната во Украина сериозно влијае на нивната способност да достават итно потребна храна во земјите ширум светот, бидејќи голем дел е заглавен во украинските пристаништа.

„Во моментов, речиси 4,5 милиони тони житарки се заглавени во украинските пристаништа и на бродовите и не можат да се користат“, изјави за ДПА Мартин Фрик, директор на Светската програма за храна на ОН (ВФП) во Германија.

Извозот на храна е исклучително тежок бидејќи украинските пристаништа и поморските патишта се недостапни поради руската инвазија.

До почетокот на војната, Украина беше еден од најважните производители на пченица и главен производител на пченка.

Многу земји зависат од евтината пченица од Украина. Житото е исто така клучно за глобалната помош за храна.

„Украинската храна е итно потребна во светот“, рече Фрик.

Тој додаде дека ВФП досега обезбедила помош во храна за околу 2,5 милиони Украинци – најголем дел за самата Украина и за неколку стотици илјади во Молдавија.

„Храната мора да стигне до загрозените луѓе во Украина, но мора да стигне и до светот за да се спречи глобална криза со храна“, рече Фрик.

На ВФП му е нужен хуманитарен пристап до луѓето и пристаништата за да може да продолжи извозот на храна, рече Фрик.

„Гладот не смее да биде оружје“, рече директорот на програмата за храна на ОН.