Home Актуелно Украинските обвинители отворија истрага за 10 руски војници осомничени за масакрот во Буча

Украинските обвинители отворија истрага за 10 руски војници осомничени за масакрот во Буча

Украинските обвинители денеска соопштија дека отвориле истрага за 10 руски војници осомничени за воени злосторства во Буча.

Десет војници на 64-та моторизирана пешадиска бригада на руските вооружени сили, дел од 35-та армија, се осомничени за сурово постапување со цивили и други прекршувања на законите и обичаите на војната, се наведува во соопштението на украинското Државно обвинителство.

По повлекувањето на руските сили од Буча беа пронајдени безживотни тела на најмалку 400 луѓе.

Рускиот претседател Владимир Путин ги одликуваше припадниците на руската на 64-та бригада за посебни заслуги, херојски акции и храброст.

Русија негира каква било вмешаност во убиствата на цивили во Буча.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…