Home Актуелно Киев го отстранува споменикот на пријателството помеѓу рускиот и украинскиот народ

Киев го отстранува споменикот на пријателството помеѓу рускиот и украинскиот народ

Властите на Киев денеска го отстрануваат бронзениот споменик висок осум метри, кој прикажува два советски работници. Споменикот беше подигнат во 80-тите години од минатиот век и го симболизираше пријателството помеѓу рускиот и украинскиот народ.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека „потезите на Русија го уништиле таквиот однос“, додавајќи дека за „споменикот од советска ера повеќе нема место во градот“.

Тој најави дека споменикот на работниците ќе биде заменет со споменик на Украина.

 

Два месеца по руската инвазија врз Украина, властите на Киев донесоа одлука за отстранување на споменикот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…