Home Живот и здравје КЗБ предлага укинување на речиси сите превентивни мерки и рестрикции против Ковид-19

КЗБ предлага укинување на речиси сите превентивни мерки и рестрикции против Ковид-19

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок препорача укинување на сите рестриктивни мерки за справување со Ковид-19, освен задолжително носење маски во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица.

Воедно, Комисијата апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и одржување дистанца.

Од комисијата потсетуваат дека вакцинацијата и понатаму останува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението.

Комисијата за заразни болести на дневна основа ја следи состојбата со Ковид-19 и доколку има потреба ќе бидат препорачани нови мерки.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

5 намирници кои никогаш не треба да ги јадете сирови – дури ни „само да пробате“

Кога сте гладни и во брзање, лесно е да помислите дека е доволно „само уште еден залак“ пр…